
Виетнам осуди на смрт 30 шверцери на дрога, во најголемиот случај за дрога во комунистичката држава, вклучувајќи десетици обвинети и речиси два тони хероин, пренесе „АФП“.
“Тоа беше најголемиот судски процес во историјата на Виетнам, со оглед на обвинетите, бројот на издадени смртни казни и количината на запленетиот хероин“, рекол судијата Нуго Дук по читањето на пресудата.