
Големите ривали од италијанската Серија А, Јувентус и Интер, за само неколку минути ја договорија сензационалната размена на двајца страндарни првотимци кои веќе се упатија кон Милано, односно Торино.
Репрезентативецот на Црна Гора, Мирко Вучиниќ е најновата аквизиција на Интер, а во обратната носака се упати колумбискиот интернационалец, Фреди Гуарин кој во последните неколку недели важеше за голема желба на лондонскиот премиерлигаш Челзи.