
Американскиот пртеседател Барак Обама, кон крајот на март ќе ја посети Европа каде што ќе учествува на два самита во Хаг и во Брисел, а потоа ќе го посети Рим каде што е најавена средба со поглаварот на Римокатоличката црква, Франциско, соопшти денеска Белата куќа.
Обама ќе учествува на Самитот за нуклеарна безбедност во Хаг 24 и 25 март, а потоа на 26 март во Брисел ќе разговара со европските официјални лица на Самитот ЕУ-САД како и со генералниот секретар на НАТО, Андерс фог Расмусен.
Американскиот претседател, посетата на Европа ќе ја заврши на 27 март во Рим. Освен со папапата, предвидено е Обама да се сретне и со претседателот на Италија, Џорџо Наполитано како и со премиерот Енрико Лета.