
Потпретседателот на каталонскиот гигант Барселона, Хавиер Фаус и понатаму останува на ставот дека аргентинскиот интернационалец, Лионел Меси треба да биде најскапо платен фудбалер на денешницата.
„Меси е најдобриот фудбалер на денешницата и е сопственик на тој епитет во последните пет сезони. Не е важно каде заврши последната ’Златна Топка’, Меси е најдобриот фудбалер на денешницата и Меси уште многу години ќе го носи дресот на Барселона. Ќе го цитирам нашиот претседател, Сандро Росел, кој пред неколку недели изјави дека најдобриот фудбалер на денешницата заслужива да биде и најплатен фудбалер на денешницата. И јас стојам на тој став дека Меси заслужува да биде најскапо платен фудбалер на денешницата”, изјави Фауст.