
Лидерот на партијата „Удар“ Виталиј Кличко ќе одржи средба со претседателот на Украина, Виктор Јанукович. Кличко ќе се обиде да разговара со Јанукович за даго запре насилството и противењето, што траат долго време во Киев и целата земја“, пренесе „Украинска правда“.
Портпаролката Оксана Зиновева истакнала дека Кличко оди во администрацијата на претседателот, бидејќи „денес има еден единствен човек , од кој зависи се’, кој може да го запре насилството“.