
Портпаролот на грчкото Министерство за надворешни работи Константинос Кутрас ги демантираше извештаите во некои медиуми дека на атинскиот аеродром „Елевтериус Венизелос“ не е дадена дозвола за надополнување со гориво на авионот на сириската делегација што треба да учевствува во „Женева-2“, пренесе „РИА Новости“.
„Нема никакви проблеми со авионот на сириската делегација. Се’ тече по вообичаен режим, авионот побара гориво и по надополнувањето ќе полета. Нема апсолутно никакви проблеми“, истакнал портпаролот.