
Понеделник, 27-ми јануари, ќе биде неработен за сите припадници на српската заедница во Македонија поради празникот Свети Сава.
Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните припадници на српската заедница во Македонија им го честита празникот Свети Сава.