
Менаџерот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал, Арсен Венгер, откри дека не му се допаѓа тоа што има премногу луѓе кои имаат преголеми очекувања кога е во прашање најскапата аквизиција во клупската историја на “топчиите”, германскиот интернационалец Месут Озил.
“Не ми се допаѓа тоа што понекогаш има премногу луѓе кои очекуваат Озил сам да ја направи потребната разлика на зелениот терен. Кога нешто не е како што треба, кога имаме проблем, кога не ни иде, има такви кои очекуваат Озил да ја земе топката и самиот да ја смести во противничката мрежа. Озил сепак е подобар и е поголем асистент, отколку голгетер. Нормално дека постигнувањето на погодоци е нешто што Озил треба да го додаде во својата игра, но не ми се допаѓаат критиките кои се упатени на неговата адреса околу реализиацијата. Тие што го критикуваа треба да го охрабруваат, да му дадат подршка. Да не заборавиме дека Озил има само 25-години и дека може да биде само подобар. Сега следуваат најдобрите години во неговата кариера”, изјави трофејниот француски стручњак.