
Министерот за надворешни работи на Турција, Ахмет Давутоглу повика за формирање на преодна Влада во Сирија.
„Власта, која загуби легитимитет, треба да биде сменета и на нејзино место да биде формирана преодна Влада. Исто така е неопходно веднаш да се запре крвопролевањето и од двете страни. Треба да се заштити територијалниот интегритет на Сирија, да се поддржат демократските вредности во земјата и да се почитува нејзиното население“, истакнал Давутоглу во својот говор за време на конференцијата „Женева-2“.
Давутоглу додал дека конференцијата е историски момент и можност да се стави крај на војната во Сирија.
Министерот изјавил дека во моментов во Турција се згрижени 700.000 бегалци од Сирија и дека земјата ќе продолжи да прима лицата кои бараат спас од конфликтот, предаде „РИА Новости“.