
Парламентарните избори на Косово најверојатно ќе бидат одржани 22 јуни, бидејќи за тоа веќе се договориле најголемите партии, Демократската партија на Косово, Демократскиот сојуз на Косово и Алијансата за иднината на Косово, пишува денеска „Зери“ повикувајќи се на неименувани меѓународни извори.
Весникот наведува дека парламентарните избори ќе бидат одржани без изборни реформи кои ги бараа меѓународните претставници.