
Од петок ќе има зголемување на облачноста со повремен дожд, а на планините од снег, најавуваат метеоролозите. В сабота, според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи, кон крајот на денот ќе се спушти постуден воздух кој ќе овозможи врнежи од снег и на пониските места.
Од недела температурите ќе бидат во опаѓање.
За утре метеоролозите најавуваат облачно време со мали сончеви периоди и температура од пет степени во Маврово до 15 степени во Гевгелија. Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до 11-от степен.