
Ракометната репрезентација на Македонија го освои 10. место на Европското првенство во Данска, откако во последниот натпревар во главната фазазагубија и од светскиот шампион Шпанија со 33:22.
Црвено – жолтите одлично се дрежа во првиот дел од првото полувреме кога се играше гол за гол, а резултатот беше во егал (7:7). Меќутоа во родолжението од натпреварот избраниците на селекторот Ивица Обрван,почнаа да прават технички грешки, но и неколку пати не успеаја да погодат од зицер позиција. Токму ова беше причината Шпанците да се одлепат на три гола до полувремето (15:12).
Во вториот дел актуелниот светски шампион само ја зголемуваше предноста по што уштен а десет минути до крајот ја завери победата и се пласира во полуфиналето на турнирот.
Во македонскиот тим најефикасен беше Филип Миркуловски со 7 голови, додека Манасков и Стоилов по четири пати ја затресоа противничката мрежа. Кај Шпанците најмногу се истакна Канелјас со 6 голови, Томас постигна 5, а по четири голови постигнаа Агинагалде и Гарсија.
Македонија на ова првенство забележа една победа, едно реми и четири порази