
НАТО од први јануари 2015 година ќе започне да врши нова воена мисија во Авганистан под кодирано име „Решителна поддршка“, што ќе биде за подготовка и помагање на авганистанските сили за безбедност, без да се одржуваат борбени дејства, соопштил претседателот на Воениот комитет на НАТО, Кнуд Бартелс, пренесе „ИТАР-ТАСС“.
„НАТО во моментов работи со авганистанските власти над создавање на правна основа за мисијата ‘Решителна поддршка’“,, рекол Бартелс на отворањето на дводневниот состанок на началниците на генералштабовите на 28-те земји членки на Алијансата.
Учесниците ќе разговараат за плановите за новата мисија и безбедноста на престојните избори за претседател на Авганистан .