
Во Собранието денеска седници ќе одржат Законодавно-правната комисија, Комисијата за труд и социјална политика и Комисијата за култура.
Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за филмска дејност, по скратена постапка, е единствената точка на дневниот ред на седниците на Законодавно-правната комисија и на Комисијата за култура.
Членовите на Комисијата за труд и социјална политика на денешната седница ќе расправаат по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за мирно решавање на работните спорови, во второ читање.