Шпанецот Гутјерез на клупата на РК Вардар

Македонскиот ракометен шампион Вардар, утре на пресконференвција ќе го претстави новиот тренер Шпанецот Раул Гонзалез Гутјерез. Гутјерез е поранешен соиграч на Таланд Душебаев во шпанската репрезентација и освојувач на бронзен медал од Олимписките игри во Атланта.

Шпанецот треба да биде трајно решение на клупата на црвено – црните, откако претходно на неа седнаа Зоран Кастратовиќ, а потоа неговиот помошник Андон Бошковски и сопственикот Сергеј Самсоненко.