
Во воздушни напади од страна на владината војска синоќа во покраината Ал Анбар во Ирак беа убиени 50 бунтовници.
Според информациите од ирачкото министерство за одбрана во нападот загинале и неколку борци и од арапските земји, а уништено е големо количество муниција.
АФП пренесе дека во покраината на западот на Ирак веќе неколку недели траат немирите меѓу војската и милитантите.
Вчерашниот напад е дел од најновата операција на режимските сили против сунитските бунтовници кои превземаа власт на неколку делови во Ал Анбар.
Дипломатите, меѓу кои и генералниот секретар на ОН на Бан Ки Мун ги повикаа ирачките власти на работат на национално помирување.