
Во Романија утринава беше регистриран земјотрес со јачина од 4,8 степени по Рихтерова скала, но податоци за жртви и материјална штета нема.
Земјотресот е регистриран во 8 часот утринава во областа Вранче, на длабочина од 140 километри, соопшти романскиот Национален географски институт. Потресот се почувствувал и во Букурешт.
Подрачјето Вранче е тектонски најнестабилно во регионот во Европа, а на почетокот на март 1977 година е регистриран најсилен земјотрес во Југоисточна Европа.
Во тој земјотрес се срушени повеќе од 1600 згради и настрадаа повеќе од 1600 луѓе во Романија и соседна Бугарија.