
Поранешниот функционер на југословенската УДБА, Јосип Перковиќ е екстрадиран во Германија. Тој за Минхен отпатувал со редовна линија нешто по 13 часот.
Хрватскиот претседател, Иво Јосиповиќ изјавил дека по екстрадицијата на Перковиќ „таа приказна е завршена“ и дека треба да се почитува одлуката на судските власти.
„Досега бев многу јасен која е мојата позиција како претседател. Во Хрватска постои тројна власт, правосудна власт и Уставен суд, кој е посебен вид на судскивласти, и нивната одлука треба да се почитува, па поради тоа немам што да додадам“, рекол Јосиповиќ.