
Од вечерва започнува ноќната скијачка сезона на Попова Шапка, информираат ЕЛЕМ ТУРС ДООЕЛ Скопје и ски-центарот „Попова Шапка”.
На ски-лифтовите Поток 1 и Поток 2 (или Тетекс), вечерва во 19 часот ќе бидат вклучени светилките и официјално ќе започне ноќното скијање.
Вечерва користењето на ски-лифтовите ќе биде бесплатно. Од наредните денови ќе важат вообичаените цени, односно 900 денари за целодневен односно 600 денари за полудневен билет и 400 денари за ноќно скијање.