
Фото: telegraf.mk
На крстосницата кај студентскиот дом „Гоце Делчев“ утринава во 9.15 часот се случи сообраќајна несреќа. Се судрија Пежо 208 и Голф, а покрај материјалната штета патниците во возилата се пожалиле на повреда.
„Возачот и соптаникот од едното и другото возило се пожалиле на повреда и се пренесени во Ургентниот центар.Се уште немаме информација за степенот на повредите,“ информираат од МВР.