
Земјотрес со интензитет од шест степени по Рихтеровата скала денеска ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот е на околу 450 километри јужно од Скопје.
Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје го регистрира земјотресот во 14 часот и 56 минути.
„Земјотресот е осетен на територијата на Република Македонија од населението кое живее во погорните катови на висококатниците, и тоа во јужните делови со интензитет од три до четири степени, а во северните делови на Македонија земјотресот е осетен со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала–1998,“ информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.