
Едно лице загина, а едно е рането, кога непознати лица нападнале автобус во јужниот дел на Албанија поради грабеж, соопшти албанската полиција.
Нападот се случил кај гратчето Тепелин, во јужниот дел на земјата, на линијата Тирана- Атина.
Дваесет и петгодишно момче починало во болница, а 19-годишно момче е рането и префрлено на лекување.
Напаѓачите од заседа пукале кон автобусот за да го запрат и да ги ограбат патниците. Возачот на автобусот сепак не застанал и продолжил да вози до првата полициска станица.