
Дваесет и петгодишен охриѓанец од кафуле грабнал тинејџерка, а потоа ја физички ја малтретирал, информира денеска охридската полиција која поднесе кривична пријава против грабнувачот.
Според информациите од полицијата, дваесет и петгодипниот Е.З. на третти месецов од едно охридско кафуле насила ја извлекол К.П.(19), потоа ја качил во неговиот „голф“ и возел кон охридската населба Рача.
Околу половина час ја држел против нејзина волја и ја малтретирал пред да ја ослободи, велат од полицијата.
По ослободувањето девојката го пријавила случајот во полиција.