
Семејната драма заврши со убиство, сопругата со метална шипка го уби сопругот, самата повикала полиција.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, 48-годишната М.Ѓ. во семејниот дом во кочанското село Облешево се расправала со сопругот 55-годишниот Благојче Ѓ.
Во момент на лутина и гнев, таа со метална цевка го удрила сопругот во главата, по што тој паднал на земја.
Без да знае дали сопругот е починат или само онесвестен, таа самата повикала итна помош и полицијата. За жал, лекарите само констатирале смрт.
Жената е приведена, а полицијата работи на целосно расчистувањ на случајот.