Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, упати честитика до припадниците на српската етничка заедница во земјава, по повов празникот Свети Сава.
Подолу интегрално ви ја пренесуваме честитиката од спикерот Вељаноски:
Преку негувањето на националните празници како денешниот, посветен на најголемиот српски просветител и светец кој е препознатлив симбол на српскиот народ, најдиректно се почитуваат традиционалните вредности. Српската заедница во Република Македонија заедно со останатите, преку индивидуалните успеси придонесуваат во унапредување и напредок на државата во сите полиња на општествениот живот, но треба да продолжиме континуирано да работиме на меѓусебно разбирање и зближување на сите граѓани.
Сакам да истакнам дека во Република Македонија имаме заедничка определба за почитување на верските права и културните особености, а со тоа допринесуваме во градење на европска и демократска Република Македонија во која се промовира недискриминацијата и се овозможува еднаквост за сите граѓани.