
Албанската полиција во Тирана заплени 300 килограми марихуана. Полицијата уапсила пет албански државјани, на возраст од 19 до 29 години, меѓу кои има и една девојка.
Дрогата е откриена и запленета во комбе, соопшти албанското Министерство за внатрешни работи.
Според оперативните сознанија, марихуаната била наменета за нарко пазарите во Тирана.