
Лидерот на граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“ и кандидат за градоначалник на Косовска Митровица на локалните избори, Оливер Ивановиќ е уапсен од ЕУЛЕКС, пренесе српското електронско издание „Правда“.
Ивановиќ е уапсен за воени злосторства, по барање на меѓународниот обвинител. Тој е обвинет за убиство на 31 Албанец на 14 април 1999 година во Косовска Митровица, како и за нападот над северниот дел на Косовска Митровица на втор и четврти февруари 2000 година, кога биле избркани 11.364 Албанци. Тогаш се повредени 25 лица, а 93 биле физички малтретирани.
Портпаролот на ЕУЛЕКС, Ирина Гудељевиќ потврди дека во тек е акција во Северно Косово, без да соопшти други детали за што станува збор и не споменувајќи имиња.