
Лабораторија за испитување на енергетска ефикасност на објекти вредна 300.000 евра денеска беше промовирана од премиерот Никола Груевски и министерот за образование и наука, Спиро Ристовски.
Оваа лабораторија, која освен за настава, ќе служи и за комерцијални цели за проверка на топла и звучна проводност од страна на фирми и производители, што ќе му донесат дополнителни приходи на Градежниот факултет.
Премиерот истакна дека ваква лабораторија е прва во Македонија, а во регионот има само во Бугарија, но во постара верзија и со послаби перформаси.
Целта на оваа лабораторија е проверка на квалитетот на градежни материјал. Се’ уште не е утврден ценовникот за услугите кои што ќе се користат за комецијални цели.