
Во Грција денеска одекнуваат бурни реакции по вчерашното обраќање на претседателот на собраниската Комисија за европски прашања, Хајрула Мисини на Конференцијата на претседателите на комисиите за европски прашања на земјите-членки на ЕУ.
Имено, Мисини во дискусијата постојано го користеше уставното име на Република Македонија, во присуство на грчки државници и претседателот на Парламентот.
Грчките медиуми коментираат дека Венизелос не реагирал на провокацијата од страна на македонскиот пратеник, а безгласен останал и претседателот на Парламентот Мимаракис.
Според локалните медиуми, во грчкиот Парламент вчера за малку бил избегнат дипломатски инцидент кога Мисини ја нарече својата земја Република Македонија и го критикуваше грчкото претседателство со ЕУ дека проширувањето не е меѓу неговите приоритети.
„Мисини ја ослови неговата земја под нејзиниото уставно име“, пишува и „То Вима“ додавајќи дека по коментарот на македонскиот претставник, „Венизелос се вратил на темата, и на дипломатски начин го вратил прашањето во неговите вистински меѓународни димензии“.
„Во врска со забелешката на нашиот драг пријател од поранешнатајЈугословенска Република Македонија: ако добро сфатив тој е од партијата предводена од господинот Ахмети , со кого имав можност да се сретнам во Атина пред неколку месеци и одржуваме. Ќе го повторам тоа што кажав претходно. Грција нема забелешки, кои се однесуваат на нешто апсурдно или нешто претерано. Ние сакаме да се исполнат општите критериуми и да се постигне договорено решение во врска со името“, го пренесуваат грчките медиуми одговорот на венизелос кој го повторил и ставот за сложено име со општа примена, кое ќе вклучува географска одредница на терминот “Македонија”.
И неофашистиката партија Златна зора се огласи во врска со настанот, а Венизелос и Мимаракис ги нарече „скитници и предавници, затоа што останале неми на провокацијата“ од страна на членот на македонскиот Парламент.