
Од 27 до 29 Јануари во Индија се одржува интернационалниот Самит организиран од најголемата стопанска комора на Индија (КИИ). На овој настан учествуваат повеќе од 1000 компании и претставници на 24 земји од регионот.
Македонската делегација која учествува на настанот е предводена од Министерот Џери Наумоф и Министерот Иво Ивановски, како и директорот на ТИРЗ Виктор Мизо, Тони Атанасовски, новоназначен амбасадор за Индија, како и Васил Димовски , Шеф на Кабинетот на Министерот Наумоф.
Македонската делегација оствари повеќе официјални средби со највисоките претставници на индиската влада и беше поканета на свечената вечера организирана од шефот Министер на државата Карнатака, Сидарамаиах.
На официјалната средба со федералниот Министер за индустрија и трговија, Ананд Шарма беше истакнато значењето на економската промоција на меѓународниот бизнис и развивање на глобалната трговија.