
Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје -Аеродром, забележа голема победа во 18-тото коло од АБА лига.
„Металците”славеа на гости кај бранителот на титулата Партизан со 73:66 (13:14, 18:20, 21:18, 21:14). Македонскиот шампион со овој триумф им се реваншираше на „црно – белите “за поразот на првиот натпревар на домашен терен (70:69).