
Млад кочанчанец во бесозание бил донесен вчера во медицинскиот центар во Кочани.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера, во бесозание во болницата во Кочани бил донесен 25-годишниот Д.К. од село Спанчево. Му биле констатирани тешки телесни повреди во пределот на главата. Поради сериозноста на повредите истиот бил пренесен и задржан на лекување на клиничкиот центар во Скопје.
Од полиција информираат дека едно лице, главен осомничен е приведен на разговор и дека најверојатно го удрил со метална клетша.
МВР работи на расчистување на случајот.