
Смртта на банкар вработен во „ЈП Морган“, кој се фрлил од зградата на европското седиште на финанската куќа во Лондон, ја потресе цела Велика Британија.
Триесет и девегодишниот банкар е пронајден мртов на покривот од деветтиот кат на деловниот комплекс, а паднал од 33-от кат од зградата.
Станува збор за Габриел Маг, висок менаџер во банката, кој бил заменик на шефот на Одделот за технологија, кој во „ЈП Морган“ се врабил во 2004-та година, откако ја напуштил компанијата „Интел“.
Според полициски информации, нема траги од насилна смрт врз телото на банкарот.