
Лондонскиот премиерлигаш Фулам излезе како победник во трката по потписот на најдобриот фудбалер во дресот на актуелниот шампион на Грција, Олимпијакос, Костас Митроглу.
Англиските и грчките спортски месиуми потврдија дека двата клуба веќе постигнале договор околу сензационалниот трансфер, а раководните лица на Олимпијакос ќе заработат околу 14 милиони евра од продажбата на 25-годишниот напаѓач.
Репрезентативецот на Грција во следните неколку часа ќе го потпише понудениот 4-годишен договор кој му гарантира годишна заработувачка од 2,4 милиони евра.
Новиот напаѓач на Фулам подолг временски период важеше за голема желба на калчо гигантот Интер и на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд.