
Кинеската тенисерка Ли На не беше воодушевена од наградата од првите луѓе во нејзиното родно место Хубеј. Тие за титулата освоена на првиот годинешен грен слем турнир Австралија опен и доделија парична награда од 800.000 јени (132.270 долари).
Токму ваквиот потег на гувернерот на покраината Ванг Гушенг, наиде на критики во јавноста, а на социјалните мрежи се појавија многу негативни коментари.
Корисниците на социјалните мрежи запрашаа зашто како награда и се дадени парите собрани од даноци, но и тоа дека на тенисерката воопшто не и се потребни, бидејќи станува збор за професионален спортист. Тие додадоа и дека од нејзиниот израз на лицето се гледа дека не и е мило што гувернерот решил да ја награди заради успехот на турнирот во Мелбурн.
„ Лицето говори многу. Тоа се парите на народот. Ли е професионална спортистка на која не и требаат тие пари”, напиша еден корисник на социјалните мрежи.
Ли за триумфот на Австралија опен инкасира 2.383.000 американски долари.