
Малолетник од училиште во тетовски Чифлик украл два лап топи и еден полнач.
Според информациите од Министеството за внатрешни работи, пред два вечери, од основното училиште „Пашко Васа“ во село Чифлик арамија украл два лап топи и еден полнач.
По превземените активности на полицијата, осомничен за кражбата е 15-годишниот З.З. од Чифлик, кај кого биле пронајдени украдените компјутери.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.