
Украинската армија го повика претседателот на земјата, Виктор Јанукович, да преземе итни мерки за олеснување на политичката криза.
„Остварувањето својата граѓанска позиција, вработените и војниците во украинските вооружени сили го повикуваат главниот командант да преземе итни мерки во рамките на постојното законодавство за стабилизирање на ситуацијата во земјата и постигнување на консензус во општеството“, се вели во соопштението на украинското Министерство за одбрана.
Претходно, министерот за одбрана на Украина истакна дека армијата нема да интервенира и ќе стои настрана од судирите меѓу демонстрантите и полицијата во центарот на Киев.