
Во вооружени пресметки меѓу шиитските бунтовници и воружени припадници на сунитското племе Хашади во северниот дел на Јемен вчера беа убиени над 60 лица.
Според претставник на племето Хашади, кое е едно од највијателните во тој дел од Јемен, при судирите , што се случиле во еден бунтовнички камп, загинале околу 40 бунтовници и 20 племнски борци.
Во крвавите нереди меѓу шиитските бунтовници и припадници на сунитските племиња во северената јеменска провиција Омран во првиот месец од годинава загинале над сто лица.