
Македонскиот кошаркар Перо Антиќ во мини разговор за телевизијата на Атланта Хоукс го изкажа задоволството што ќе има можност да настап на Ол-Стар викендот.
„Ова е голема чест за мене. Знам дека имам 31 година, но секако е задоволство да се биде дел од мечот на ѕвездите. Ќе се обидам најдобро што знам и умеам да ја претставувам Атланта, мојата земја и самиот себе“ , на ова натпреварување, изјaви Антиќ.
Тој истакна идека многу добро му оди со санирање на повредата и дека ќе биде подготвен да го даде максимумт на Ол – Стар натпреварот
„Лекарскиот тим врши голема работа, под постојана терапија сум, и со нетрпение чекам да се вратам на паркетот. Јас сум личност која не може да седи на страна и само да ги гледам овие натпревари“, додаде Антиќ.