
Иако многумина се надеваат на снег, сепак според најавите на метеоролозите, оваа недела ќе не’ очекува променливо време, а снег е можен само на планините.
Утре, според Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде претежно сончево со температура од еден степен во Маврово до девет степени во Гевгелија.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со температура до петтиот степен.
Во среда и во четврток ќе преовладува променливо облачно време, а во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд, а на планините слаб снег.
По одделни котлини ќе има појава на слаба магла.