
Татко и син се потешко повредени во вооружен напад која денеска околу 18 часот се случил во скопската населба Хром.
Таткото и синот биле нападнати на улицата Тодор Циповски-Мерџан, кога две засега непознати лица пукале во нив.
Станува збор за грабеж. Од таткото и синот била одземена торба со околу 40.000 евра.
Повредените се пренесени во Ургентиот центар во Скопје.