
Mинистерот за надворешни работи, Никола Попоски, и амбасадорката на Република Франција во Македонија, Лоранс Оер утре, ќе потпишат Договор за соработка меѓу Министерството за надворешни работи и Амбасадата на Франција.
Соработката ќе се однесува за обука на дипломати од македонското МНР на програми на француската Национална школа за администрација.