
Поради дефект на водоводната мрежа на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов во центарот на Скопје без вода ќе останат жителите на овој булевар.
Според информациите од Јавното претпријатие „Водовод и Канализација“, дошло до дефект на шибер затворач профил ф-80 милиметри поради што жителите на булеварот на потегот од булеварот Св. Климент Охирдски до Католичка црква, потоа жителите од улиците Шумадинска, Киро Крстевски, Платник и Коле Неделковски ќе бидат без вода од 9,30 часот па се до санирањето на проблемот.