
Дека се уште го сака својот поранешен клуб, репрезентативецот на Гана и стандарден првотимец во дресот на германскиот бундеслигаш Шалке, Кевин Принц Боатенг, докажа со изјавата дека е многу тажен поради моменталниот пласман на табелата на италијанскиот калчо гигант Милан.
“За мене Милан се уште е отворена рана. Ги следам сите натпевари на мојот поранешен клуб и многу сум тажен, често пати и плачам поради моменталната позиција на табелата. Пред неколку недели му пратив СМС порака на новиот тренер на Милан, Кларенс Сидорф, му посакав успех на новото работно место. Постоја се слушам и со моите поранешни соиграчи”, изјави Боатенг.
Одличниот играч за врска е убеден дека Сидорф ќе успее како тренер на Милан и додаде дека контроверзниот напаѓач, Марио Балотели може да израсне во најдобар фудбалер во целиот свет.
“Балотели? Многу е силен, а ако ги искористи сите квалитети кои ги поседува, Марио може да биде и најдобар фудбалер во целиот свет”, додаде репрезентативецот на Гана.