
Државната изборна комисија како членка на Асоцијацијата на изборните органи на Централна и Источна Европа (АСЕЕЕО), утре во хотелот Холидеј Ин, ќе организира тематска работилница со која ќе го одбележи Светскиот ден на изборите.
На работилницата ќе бидат презентирани новините на Изборниот законик, а ќе се одржи и панел дискусија на која ќе учествуваат претставници на Државната изборна комисија, на ОБСЕ на тема „Улогата на набљудувачките мисии во изборите“, на Народниот правобранител за „Заштитата на правата на избирачот и невладината организација Мост со темата „Улогата на невладините организации во изборниот процес“.