Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница

Државната изборна комисија денеска ќе одржи седница на која што ќе ја разгледа Предлог одлуката за утврдување на трошоците за изборните активности на претстојните претседателски избори.

На седницата ќе се расправа и за јавниот повик за увид во Избирачкиот список за државјаните кои се на привремена работа во странство и за пријавување за гласање на претседателските избори.