
Трагедија во аргентинската престолнина. Девет лица загинаа, седуммина се повредени, а двајца се водат како исчезнати при пожар во зграда со архивска документација.
Според Би-Би-Си загинале пожарникари и службеници на цивилната заштита кога врз нив се урнал ѕид. Од локалната болница соопштиле дека некои од повредените се наоѓаат во животна опасност, а продолжува потрагата по уште две лица, чија судбина не е позната.
Зградата, во која избувнал пожарот е депо на компанијата „Ајрон маунтан“, чие седиште се наоѓа е во Бостон. Оваа компанија раководи, ги собира и чува информациите на повеќе од 156.000 фирми и организации во 36 држави. Според владин претставник, меѓу уништените архиви има и документи на аргентинскиот банкарски сектор.
Полицијата работи на откривање на причината за страотниот пожар.