
Либија ги уништи сите залихи на хемиско оружје, вклучувајќи и бомби и гранати со иперит, соопшти синоќа Министерството за надворешни работи.
Министерот Мохамед Абдел – Азиз истакнал дека уништувањето за хемиското оружје било завршено пред неколку дена.
Тој потенцирал дека Либија е потполно исчистена од хемиско оружје, кои може да го загрози животот на луѓето, на околината или соседните земји.
Додека Либија беше под режимот на лидерот Моамер Гадафи во 2004-тата соопшти дека имаат 25 тони иперит и 1.400 тони хемикалии потребни за подготовка на хемиско оружје.
Исто така објавија дека имаа 3.500 бомби кои требало да се наполнат со хемиски агенти, како и три фабрики за правење хемиско оружје.