
Министерството за надворешни работи и Француската Амбасада во Република Македонија склучија Договор за соработка.
Денеска, во просториите на Министерството за надворешни работи, министерот за надворешни работи, Никола Попоски и амбасадорот на Република Франција во Македонија, г-ѓа Лоранс Оер потпишаа Договор за соработка меѓу Министерството за надворешни работи и Амбасадата на Француската Република во Република Македонија.
Пред церемонијата на потпишувањето на Меморандумот, беше одржана куса средба на која, меѓу другото, се зборуваше и за досегашната соработка во областа на дипломатската едукација и учеството на кандидатите од Министерството за надворешни работи на обуките на реномираната ЕНА.