
Корисниците од улиците Ганчо Хаџи- Панзов, Капиштец, Димитар Пандлив, Питу Гули, Караорман и Детската болница Козле денеска ќе бидат без вода од 8,30 часот, па се’ до санирање на дефектот, информираат од јавното претпријатие Водовод.
Причина за прекинот е дефект на водоводна мрежа профил Ф-100 милиметри на улица Ганчо Хаџи Панзов број 13.